(ВИДЕО)Трагедија во Хрватска: Сите бегаат - младо момче ја скршило рампата на граничниот премин со автомобил, а потоа загинало
Младиот Емин Дувњак од Босна и Херцеговина, кој утрово загина во трагичен инцидент на граничниот премин Каменско, најпрвин ја поминал контролата на тој премин, но подоцна побегнал кон Хрватска.
Имено, 22-годишниот доставил документи до граничната полиција. Тие побарале дополнителна проверка, но младиот човек ги оставил документите и побегнал во Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.
На видеото кое е споделено на социјалните мрежи се слушаат два удари, од кои едниот е звукот на пробивањето на рампата. Како што можете да видите на видеото, полицајците побегнале кога сфатиле дека возачот нема намера да запре.
„Ноќта меѓу петокот и саботата, околу 01:50 часот, на граничниот премин со лично возило се приближил маж, државјанин на Босна и Херцеговина, за кој полициските службеници при граничната контрола утврдиле дека не ги исполнува условите за влез во Хрватска. Полициските службеници му наредиле да го паркира возилото на излезната лента за да ја спроведе постапката за одбивање влез во Република Хрватска, по што мажот кој бил сам во возилото одбил да ја испочитува издадената наредба и со возилото побегнал од граница премин во правец на Република Хрватска“, го опишаа текот на настаните од сплитската полиција.
Полициски службеници се обиделе да го сопрат, издале наредба за запирање на возилото, што возачот го игнорирал и продолжил да вози во правец на Триље, а потоа и на Ловриќ.
„Полициските службеници со возила го следеле на безбедно растојание и се обиделе да го спречат, така што возачот во еден момент се вратил на граничниот премин Каменски каде возејќи со голема брзина ја пробил рампата на граничниот премин и продолжил со возење кон граничниот премин на Босна и Херцеговина“, соопшти ПУ на Сплит-Далмација.
Момчето удрило во полициската блокада на делницата Томиславград – Присоје и починало.
vozač Golfa je probio rampu na ulazu u Bosnu i Hercegovinu i bez zaustavljanja je nastavio kretanje. pic.twitter.com/hJCbtr7nh9
— hercegovina.info (@hercegovinainfo) December 14, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа