Од петок наутро секоја цена во маркетите треба да биде тазе објавена на Интернет
Сите маркети, аптеки и продавници за техника и мебел од овој петок, 18 април, ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница.
Според новите измени во Законот за заштита на потрошувачите непочитување ќе се санкционира од Државниот пазарен инспекторат. Најдоцна до 10 часот наутро, трговците ќе имаат обврска да ги ажурираат цените на стоката што ја имаат во дуќаните и тоа секој работен ден.
Објави на социјални мрежи нема да се сметаат за исполнување на обврската.
Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоката, трговецот треба да ја коригира грешката во рок од 24 часа, дознава „Слободен печат“.
Оваа обврска не важи за микротрговците со до 10 вработени и приход под 50.000 евра годишно.
Инаку, неодамна бојкотот на маркетите, кој започна во Хрватска како реакција на високите цени, се прошири во регионот, вклучително и во Македонија и предизвика промени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа