СДСМ: Зошто ниту еден актуелен функционер не е осомничен за Кочани?

 

Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од морални причини а тој не. Ова го велат денеска СДСМ преку соопштение за јавноста.

- По најголемата трагедија во државата којашто се случи во Кочани требаше да има морална одговорност на оној кој бил на чело на институцијата којашто била задолжена за безбедноста, а тоа е Министерството за внатрешни работи.  Кривичната одговорност е нешто што треба да го утврди истрагата, за сите инволвирани. Но, за вакви трагедии мора да има чувство и за морална одговорност. Јавноста сведочи и на селективност во досегашниот тек на истргата. Се уште не се бара никаква одговорност од оние кои кобната вечер биле на функции и директно одговорни за превенцијата, безбедноста и соодветната реакција а се под надлежност на МВР, велат од опозицијата.

Додаваат дека, вечерта на трагедијата, постоеле одговорни раководители во ОВР Кочани, СВР Штип и БЈБ кои биле на позиција. Имало полицајци на лице место – виделе што се случува, имале увид во состојбата, знаеле дека има малолетници, пиротехника но не презеле ништо. И денес, никој од нив не е опфатен со истрагата.

- Дури и дозволата за употреба на пиротехнички средства – директна причина за пожарот – паѓа под надлежност на МВР. А од МВР, ниту еден актуелен функционер не е осомничен. Зошто нема одговорност за дежурните полициски службеници, раководители и функционери? Зошто се гонат лица кои воопшто не биле надлежни во моментот на трагедијата, а не оние што требале да реагираат и спасат животи? Дали ова не е понижување на правдата и селективна заштита на функционери блиски до Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ?, прашуваат СДСМ во соопштението до јавноста.

15.04.2025 - 09:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега