Трагедија на патарината „Стоби“: Моторциклист загина откако се забил во паркирано возило

 

 

Моторциклист загина кај патарината „Стоби“ откако удрил во „фолксваген поло“ кое било паркирано надвор од коловозот. 

-Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 15:48 часот на регионалниот пат Велес– Градско, наспроти наплатна станица Стоби, мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(52) од Градско, удрил во патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, кое од страна на Ј.К.(37) од Градско било паркирано надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал Д.Н.. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител, во содејство со увидна екипа од СВР Велес, велат од МВР

16.08.2025 - 13:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега