Мицкоски: За една година 19,7% повеќе странски туристи
Премиерот Мицкоски објавувајќи ги податоците од Државниот завод за статистика вели дека годинава Македонија бележи голем скок во бројот на туристи.
-Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5% споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за 19,7% во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5% споредено со истиот период 2024 годаина. Во истиот период од 2025 година имаме за8,5% повеќе реализирани ноќевања споредено со првата половина од 2024 година. Нашата Македонија е преубава, ако бројот на странските туристи се зголемува со ниво од 20% годишно и наоѓаат причина да ги посетат македонските градови и села, македонските езера и планини, да уживаат во прекрасната македонска традиционална кујна и вина, тогаш тоа е доволна причина сите ние заедно да уживаме во убавините на Македонија, вели Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа