Подгответе се за невреме - УХМР со лоша најава за времето

 

Времето денеска претпладне ќе биде облачно со повремен локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

15.04.2025 - 07:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега