Тинејџери нападнале и снимале малолетничка во круг на скопско училиште - заработија кривични

 


Двајца 18-годишници и еден малолетник ќе се соочат со кривични пријави за инцидент во кој малтретирале малолетничка и истиот го снимиле со мобилен телефон. 

- СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(18) од Скопје, М.Ј.(18) од Битола и еден малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Р.Ѓ.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување“. На 05.02.2025 во кругот на средно училиште во Скопје, второ и третопријавениот физички нападнале малолетничка, четвртопријавениот ги поттикнувал, додека првопријавениот снимал со мобилен телефон, а потоа и го одзеле нејзиниот телефон, информираа од полицијата. 

03.06.2025 - 15:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега