„Соберете си ги кучињата да не лаат“ – Хаос во Советот на Град Скопје
На денешната (неуспешна) вонредна седница на Советот на Град Скопје, на која требаше да се расправа за дивоградбите во општината Чаир, повторно се разгореа политичките тензии. Градоначалничката Данела Арсовска упати остра порака до дел од советниците кои ја прекинуваа додека се обидуваше да се произнесе по точката за која присуствуваше – дивоградбите за кои, како што тврдеше, има документирани докази за фалсификати.
„Соберете си ги кучињата да не лаат“, изјави Арсовска, алудирајќи на постојаните коментари и дофрлувања од советничките клупи, кои, според неа, ѝ оневозможувале да говори.
Арсовска пред Советот презентираше документ за кој тврди дека содржи два фалсификати потпишани од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, поврзани со предмети за узурпација на јавен простор. Нејзиното обраќање беше дочекано со негодување и жестоки реакции, особено од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои бараа веднаш да ѝ се одземе зборот.
„Тука се оштетува Градот Скопје. За сите општини ќе вадиме, имаме анализа за сите. Што се возбудувате? Вакво невоспитување не сум видела, не можам да ја довршам реченицата. Луке собери си ги кучињата. Собери си ги да не лаат, срамота е ова. Ова вака во Влада правите? Вака водите држава? Со вас тука… цела народ може да види со што си имаме работа. Со жив штит ги штитите криминалите. Ние 3 години го ловиме Висар Ганиу“, порача Арсовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа