ВМРО-ДПМНЕ: Тендер тандемот Филипче-Заев сред Ковид поништил тендер за томографии

 

Венко Филипче не е само партиски другар на Зоран Заев, тие се и тендер тандем кои ги интересираат само провизиите, од кои сега градат и висококатници во најексклузивните светски дестинации. Ова го велат ВМРО преку соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

Освен СДС, турите со скапите мотори низ државата и регионот, нивна заедничка спојка сега е и Дубаи, каде што ги вложуваат парите од провизиите кои тендер тандемот Филипче-Заев ги печалеше на грбот на народот.

Филипче и Заев се неразделен тендер тандем уште од времето кога заеднички владееле со државата и народот го пљачкале. Нив ги интересира само провизиите од тендерите, државата и народот не им се битни, за народот и државата не им е гајле, тие им послужија само како средство за лично богатење.

Ковид кризата, во која од вирусот починале скоро 10 илјади луѓе, се случи за време кога Венко Филипче беше министер за здравство. Тој, заедно со својот тендер партер Заев, корона кризата ја претвориле во можност за нивно богатење.

Во ек на оваа криза, додека луѓе умираа, тогаш министерот Венко Филипче, направил јавна набавка за томографии, за кои што македонските граѓани платиле дополнителни 15 милиони денари.

Имено, првично имало јавен повик за томографии на кој требало да се плати 21 милион денари, но двајцава мајстори за афери и тендери, Филипче и Заев си одлучиле дека тоа не им одговара, па си го поништиле тендерот. После тоа, со истата фирма си направиле нов тендер по нивна мерка, но поскап за 15 милиони денари.

За време на кризата со вирусот Ковид 19, кога граѓаните секојдневно бараа вакцини за спас, Заев и Филипче си средиле тендер по нивен терк, но поскап за граѓаните.

Тоа е овој тендер тандем кој постепено го уништуваше македонското здравство за сега, од спечалените провизии, да гради висококатници во Дубаи.

Затоа Заев и си го постави својот послушен пион, Венко Филипче за претседател на СДС, кој го интересира само власт за да дофати уште некој тендер, за уште некоја провизија.

Но, Флипче треба да знае, дека за профитерите на маката на граѓаните и уништувачите на нивното достоинство, нема место на македонската политичка сцена и како што Заев и Ковачевски се испратени во пензија, и него го чека истото.

15.04.2025 - 09:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега