УХМР најави невреме - Пред нас се четири дена одмор, ќе видиме ли сонце?
Времето денеска претпладне ќе биде облачно со повремен локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
Оваа недела по повод големиот празник Велигден пред нас се четири дена споен одмор. Рамазан Бајрам кој се падна на 30 март беше неработен ден, па уживавме во споен викенд, но времето не ни се погоди, со оглед на тоа дека дождот и снегот се вратија во Македонија.
18 и 21 април или Велики Петок и Понеделник се неработни денови, а според најавите на Accuweather, не очекува сончево време со променлива облачност, а веќе од 22 април повторно дожд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа