Девојка избодена пред ресторан во Белград

 


Девојката А.Љ. била избодена синоќа во Сурчин во доцните часови пред ресторан во оваа белградска населба.

Како што пренесуваат српските медиуми, во моментот на нападот, жртвата стоела пред ресторан со својата пријателка. Во еден момент им пришол млад човек и ја избодел девојката која останала облеана во крв на самото место.

Пријателката повикала полиција и брза помош. Повредената девојка со тешки повреди е пренесена во болница, а според информациите состојбата ѝ е стабилна и не ѝ е загрозен животот.

По нападот полицијата веднаш ја започна операцијата Вихор. Набргу бил уапсен осомничениот А.О.(25). Како што пренесуваат медиумите, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде предаден на дежурниот истражен судија.

15.12.2024 - 10:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега