Се качило во погрешен автобус - МВР со детали за драмата со шестгодишното дете

 

Шестгодишното девојче наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, соопшти денеска полицијата соопштувајќи детали за вчерашниот случај, откако нејзината мајка вчера пријави дека се оддалечила од домот. Детето вчера беше пронајдено на подрачјето на Гази Баба.

Мајката на девојчето, 28 годишната С.Т. вчера во 15.00 часот во СВР Куманово, пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка се оддалечила од домот.

- Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека девојчето најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центар на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање до домот, девојчето влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде била пронајдена од случаен минувач, информираше СВР Куманово. 

15.04.2025 - 11:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега