Муртезани за уставните измени: Тој процес, сепак, ќе биде побавен од шест месеци
Во Брисел има многу голема посветеност и внимание за поддршка во однос на изнаоѓање решение, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани во врска со блокадата на евроинтеграцискиот процес на државава кој зависи од измени на Уставот односно внесување на Бугарите во него.
Во однос на досега неисполнетата заложба на коалицијата Вреди дека за шест месеци по формирањето на Владата ќе се случат уставните измени и немањето поинтензивна комуникација со новата Влада во Бугарија, Муртезани рече дека „тој процес, сепак, ќе биде побавен од шест месеци“, нагласувајќи притоа дека „немаме таков луксуз да останеме во чекалната“.
„Не дека нема обиди за воспоставување контакти, но имајќи ги предвид нашите позиции и немањето никаква доверба, не е ни така лесно директно воспоставување на контактите. Не дека нема обиди, не дека нема комуникација, дури и со посредство на Европската комисија, но тој процес, сепак, ќе биде малку побавен од тоа кога сме барале време од шест месеци“, изјави Муртезани на ТВ Телма.
Како што рече, секојдневно се занимаваат со процесот на евроинтеграцијата и дека „технички сме многу поинформирани околу сите потенцијални решенија“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа