Уапсен поранешниот телохранител на Марадона

 


Аргентинскиот суд задолжен за судењето во врска со смртта на Диего Марадона нареди апсење на поранешниот телохранител на аргентинската фудбалска ѕвезда, Хулио Корија, поради лажно сведочење.

„Судиите ги прифатија доказите на обвинителството во врска со кривичното дело лажно сведочење“, извести судот.

Во Буенос Аирес е во тек судски процес против седум медицински работници за небрежност што потенцијално придонела за смртта на Марадона.

Се очекува рочиштата да траат до јули годинава.

Марадона почина во изнајмена куќа во Буенос Аирес две недели по операцијата. Починал од последици на срцев удар.

26.03.2025 - 12:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега