Лишени од слобода четворица млади во Кавадаречко, им била одземена бела грутчеста материја

 

Четворица млади биле лишени од слобода синоќа во Кавадарци и им била одземена бела грутчеста материја, информираа денеска од  Секторот за внатрешни работи Велес. 

-Синоќа во 22:30 часот во село Ваташа, Кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Г.С.(25) од село Војшанци, Неготинско, С.П.(22) од село Тремник, Неготинско, М.Б.(25) од Неготино и 20-годишната Н.Т. од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив, кај Г.С. била пронајдена и одземена бела грутчеста материја, соопштија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека Г.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе била поднесена соодветна пријава. 

29.03.2025 - 11:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега