Ѓорѓиевски на ифтарска вечер во скопски Сарај

 

Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, вечерва на покана на советникот во град Скопје Мартин Стојановски, присуствуваше на ифтарска вечер организирана за верниците од исламска вероисповед.

Ѓорѓиевски им го честита празникот и испрати пораки за обединување.
 
-Вечерва, на мое огромно задоволство и на покана на советникот во град Скопје и претседател на ВМРО-ДПМНЕ од Сарај Мартин Стојановски, со мојот колега Борче Митевски присуствувавме на ифтарска вечера со нашите браќа од исламска вероисповед.
 
Ми преставува чест што се собравме денес во време кога верниците од исламска вероисповед го слават месецот Рамазан и оваа ифтарска вечера претставува едно големо обединување за најдоброто што допрва доаѓа!
 
Посакувам празникот да го дочекаат во добро здравје, хармонија и мир во душата.
Заедно да славиме, нашите и нивните празници, да си подадеме рака бидејќи сите подеднакво го споделуваме секојдневието и реалниот живот, истите проблеми и предизвици. 
 
Заедно да градиме иднина за сите бидејќи Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто! - рече Ѓорѓиевски.
28.03.2025 - 21:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега