„Понесете си столче“ – движењето „Кој е следен?“ на протест пред Собранието
Граѓанското движење „Кој е следен?“, денес во 11 часот организира нов протест, кој ќе се одржи пред Собранието. Во најавата, се повикуваат оние кои ќе присуствуваат да си понесат и столче.
„Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме. Граѓаните ќе зборуваат. Ќе критикуваат. Ќе поддржуваат. Ќе го кажат тоа што предолго тлее“ велат од „Кој е следен?“, кои повторно почнаа со протести по трагедијата во Кочани.
Најавија дека микрофонот е отворен за секој граѓанин кој сака да го изнесе своето мислење околу барањата, или да сподели генерален став за моменталната состојба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа