Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди руските Курилски Острови во Тихиот Океан денеска, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на околу 270 километри од Камчатка, а епицентарот бил на длабочина од 53 километри.
Во средата, на 30 јули, Камчатка беше погодена од најсилниот земјотрес од 1952 година, со магнитуда од 8,8 степени.
По земјотресот беше издадено предупредување за цунами за делови од Русија и низ Тихиот Океан, а жителите беа повикани да се евакуираат од крајбрежните области во областите со висок ризик
03.08.2025 - 11:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа