За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
За време на продолжениот викенд поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од Јавно сообраќајно претпријатие.
Оттаму соопштуваат дека билетарниците и центрите за персонализација во сабота ќе работат со вообичаеното работно време, додека в недела дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Зелен пазар.
В понеделник дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Зелен пазар, Автокоманда (Дирекција на ЈСП Скопје) и Ѓорче Петров.
Жичницата в недела ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а во понеделник на Рамазан Бајрам, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.
Жичницата од вторник ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.
Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа