Пожарите во Јужна Кореја земаат жртви: Се урна хеликоптер
Јужна Кореја ги приземји сите противпожарни хеликоптери откако еден од нив се урна утрово додека се бореше со разорните шумски пожари кои го пустошат југоисточниот дел на земјата. Најмалку едно лице загина во хеликоптерската несреќа.
Хеликоптерот се урнал додека го гаснел пожарот кој брзо се шири во провинцијата Ујсеонг, на околу 200 километри југоисточно од Сеул. Според извештаите, во хеликоптерот имало само пилотот за кого немало спас.
Најмалку 19 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во страшните пожари, кои тешко се гасат поради силните ветрови. Пожарот уништил будистички храм и опасно се приближил до некои археолошки локалитети.
Меѓу жртвите имало и четворица цивили кои учествувале во гаснењето на пожарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа