Попов: Граѓаните јасно и кажуваат на Владата дека нема капацитет и дека треба да си замине

Кога на една влада над 52% од населението и вели дека живеело подобро пред да дојдат на власт тоа значи дека таа влада треба да си заминевели за Детектор Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

„Мислам дека крајно време е таа влада да се откаже од тоа што го правии да сфати дека не ја бива, дека нема капацитет да ги реши проблемите и да го направи животот на граѓаните подобар. Мислам дека тоа е веќе апсолвирана тема и ова е само уште една анкета која што го покажува тоа.“ – вели Попов.

Тој вели дека со влезот во ЕУ нема да ни се решат проблемите и дека треба самите да си го средиме својот двор.

„Самото влегување во ЕУ не е магично стапче кое што ќе ни ги реши проблемите. Имаме многу домашни задачи кои треба да ги завршиме претходно. Мислам дека сериозно треба да се посветиме на средување на работите и институциите и состојбите во сопствениот двор а не да чекаме тоа да ни го реши Европската Унија, бидејќи навистина нема да ни го реши“ – вели Попов.

05.02.2023 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега