Кога заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собрание: Најавен нов протест
Од иницијативата Кој е следен, најавуваат нов протест за во сабота, овој пат пред законодавниот дом.
Протестот доаѓа откако народните избраници одлучија две недели да не расправаат во Собрание, поради трагедијата во Кочани.
„Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието.
Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме.
Зошто се собираме пред Собранието? Затоа што не молчиме. Затоа што имаме барања што не може да чекаат. Затоа што демократијата не оди на одмор.
Како ќе изгледа настанот? Настанот ќе биде поделен во 2 дела:
1. Презентирање на барањата, во првиот дел ,,Кој е следен?” ќе ги презентира своите барања во целост;
2. Микрофонот е отворен за секој граѓанин кој сака да го изнесе своето мислење околу барањата, или да сподели генерален став за моменталната состојба.
Граѓаните ќе зборуваат. Ќе критикуваат. Ќе поддржуваат. Ќе го кажат тоа што предолго тлее.
Ова е простор за гласот што не сакаат да го слушаат. Ова е твојот простор. Наш простор.
Се гледаме пред Собрание. Настанот ќе трае додека има граѓани што сакаат да бидат слушнати. Ако имаш што да кажеш — подготви го дома и кажи го пред сите. Не чекај да те повикаат. Нека ова биде твојот повик!“, стои во објавата на Кој е следен на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа