Каранфилова Пановска: Мора да се смени цел систем
Ташката трагедија што се случи во Кочани донесе колективна траума која ќе остави трага во нашето општество. Тоа што треба да биде лекција е дека вакви тргаедии веќе никогаш да не се повторат, но и дека мора да има промени на целокупниот систем, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, при гостување на ТВ Канал 5, во рамките на солидарната акција- Телетон „Канал 5 и Македонија за Кочани“.
-Ова што се случи во Кочани е една колективна трагедија и траума, би рекла, нешто што ќе остави трага во ова наше општество долги години. За семејствата и блиските на загинатите, па и на децата коишто се повредени и се се уште на болничко лекување во моментов, веројатно нема ниту зборови, ниту дела што значат утеха. Но тоа што треба да биде лекција за сите нас како општество е да ја извлечеме поуката од оваа ситуација, да ги менуваме работите за никогаш да не се повтори ваква трагедија. Една поука којашто гледам дека ја извлекуваме и демонстрираме, тоа е емпатија и солидарност. Ама потребни се и промени на системот. Да се надеваме дека оваа криза ќе биде повод за промена, за подобрување на целокупниот наш институционален систем, нашето функционирање, подобрување на нас како граѓани, порача заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска.
Каранфилова Пановска, нагласи дека СДСМ ги става на располагање и во функција сите свои ресурси но клучна е улогата на Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа