Прегазен пешак вечерва во Скопје

 

Пешак е прегазен на улицата Македонска II бригада во Чаир, Скопје дознава 24инфо.

Според очевидци повреден е маж на возраст од околу 50 години. Во несреќата учествувало возило од марката „Ауди“.

На местото на настанот пристигнаа полицијата и екипа на Брза помош, која му укажува медицинска помош на повредениот.

Повеќе детали се очекуваат по официјалните информации од надлежните.

27.03.2025 - 23:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега