„Не пројдоа ни 40 дена од трагедијата“ – Мицкоски смета дека е рано да се размислува за градоначалник на Кочани
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека рано е да се размислува за заеднички кандидат за градоначалник на Кочани, по информациите дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, планира да го изнесе тој предлог на лидерска средба.
Премиерот не би сакал да навлегува во таков тип на политиканство, во период кога се уште не се залечени раните од ужасната трагедија.
„Тоа ќе предизвика дополнителна болка за луѓето кои ги загубија своите најблиски, Уште не се 40 дена поминати од тој настан“, изјави Мицкоски во Ново Село.
По трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59 луѓе, а над 180 беа повредени, градоначалникот Љупчо Папазов, си поднесе оставка. За одлуката информира преку Фејсбук, по повеќе од еден ден од трагедијата. Тој е опфтен и со обвинението што се води за случајот, заедно со претходните двајца градоначалници, откако стана извесно дека диското работело со години без да ги исполнува безбедносните гаранции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа