Гром три пати удри во кинеско возило

 

Во Кина беше забележан навистина необичен и вознемирувачки настан, кога едно електрично возило од марката BYD стана мета на молња не еднаш, туку дури три пати по ред. Сцената беше регистрирана од безбедносни камери на паркинг и брзо се прошири на социјалните мрежи.

И покрај огромната сила на природата, електричниот мотор и батеријата на автомобилот останале целосно исправни, а најважно од сè – возачот кој се наоѓал во возилото поминал без никакви повреди, пренесува CarExpert.

Инцидентот се случил на 6 август на станица за одмор во градот Беихај, во кинеската покраина Гуангси. На снимките од околните возила јасно се гледа како молњите неколку пати директно го погодуваат покривот на моделот Song Plus EV – кинеската варијанта на Sealion 6. При ударите се појавиле и кратки пламенови под автомобилот, но возачот останал смирен и безбеден, благодарение на заштитните системи на возилото.

https://rumble.com/v6xty5o-car-china-thunderstrike.html

20.08.2025 - 22:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега