Познат идентитетот на тинејџерот кој загина кај Велешта: Македонија загуби перспективен боксер

 

Македонскиот бокс е во жалост поради загубата на еден од своите најперспективни млади спортисти. Трагичната сообраќајна несреќа го одзеде животот на само 19-годишниот Еди Насуфи, голем талент кој веќе имаше зад себе настапи за репрезентацијата на Македонија во повеќе возрасни категории.

Насуфи, кој потекнува од струшкото село Велешта, беше дел од боксерскиот клуб „Синди“ и важеше за иднина на македонскиот бокс.

Претходно, МВР соопшти дека вчера 19-годишник со својот „мерцедес“ излетал кај селото Велешта, на патот Дебар - Струга, а од здобиените повреди го загубил животот.

21.08.2025 - 14:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега