Таравари инистира Алијансата за Албанците да има посебни листи за советници на локалните избори
Очигледно е дека во коалицијата „Вреди“ не се како што треба и дека раслојувањето го има, но не се претставува јавно. На свој начин тоа го потврди денеска и министерот за здравство, Арбен Таравари, кој рече дека тие како едно крило на Алијансата за Албанците инсистираат да имаат посебни листи за советници. Но дека е оптимист дека ќе најдат заеднички јазик со другите партнери во коалицијата.
„Ние сме во постојана комуникација, комуницираме и се подготвуваме за локални избори, така што мислам дека наскоро ќе излеземе и ќе ги покажеме нашите позиции. Јас инсистирав во преговорите да излеземе со посебна листа како Алијанса за Албанците, но и други партии бидејќи мотивираме многу повеќе луѓе да се ангажираат на локалните избори, но дека ќе имаме постојана комуникација“, вели таравари во изјавата дистрибуирана до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа