Валентина Бајрам со емотивна порака за својот татко: Едноставно го нема, а толку често го имаше, секогаш беше тука

Вчера, во болницата „Филип Втори“ на 64-годишна возраст почина пратеникот во пензија и лидер на Сојузот на Ромите во Македонија, Амди Бајрам.

Попладнето во медиумите беше објавено посмтрниот тест кој му бил направен покажал дека Бајрам бил позитивен на коронавирус.

Неговиот син Габриел Бајрам во телефонски разговор за „Фокус“ изјави дека на нив од болницата им било кажано дека неговиот татко починал од мозочен удар и дека телото им било веднаш предадено.

На социјалните мрежи се огласи и неговата ќерка Валентина Бајрам.

„Да откорнеш гранка од едно дрво многу боли, да искинеш лист од гранката може повторно да расте. Да го снема дрвото, дури тогаш се чувствува празнина. Едноставно го нема, а толку често го имаше, секогаш беше тука, што просто да не ти се верува дека повеќе го нема.

Семејството Бајрам изгуби сопруг, татко, родител, дедо. Ромската нација го изгуби својот татко, изгуби борец, изгуби патриот!!!
Амди Бајрам им помогна на сите! Амди Бајрам беше другар со сите! Соработник, пријател, партнер и народен човек!!! Ги повикуваме сите кои го почитуваат ликот и делото на Амди Бајрам! Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек! Телото на Амди Бајрам ќе биде погребано на градските гробишта во Бутел! Поворката ќе тргне од 14.00 часот од семејната куќа во општина Бутел“, напиша Валентина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега