СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ние ќе продолжиме да се бориме


СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, велат од СДСМ.
 
„Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.
 
Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.
 
Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
 
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
 
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. 
 
Нема откажување од иднината!“, стои во соопштението на СДСМ.
26.04.2024 - 09:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега