Познат идентитетот на скопјанецот кој ноќеска загина во сообраќајка

Познат идентитетот на мажот кој ноќеска загина во сообраќајна несреќа кај село Крупиште. Повредени се возачот и две деца. 

- На 06.05.2024 во 02.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип -Кочани, во близина на с.Крупиште, патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје, излетало надвор од коловозот. По несреќата, возачот и сопатниците, И.М.(39) од Скопје и двајца малолетници  биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што кај И.М. била констатирана смрт, додека кај возачот и малолетниците биле констатирани телесни повреди, информираа од полицијата. 


 

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.   

06.05.2024 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега