Традицијата продолжува: ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров ја спроведува најголемата хуманитарна акција
Во духот на заедницата и солидарноста, активистите, членовите и поддржувачите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров ја реализираа најголемата хуманитарна традиционална акција досега.
- Со заеднички напори успеавме да собереме храна, која беше доставена до оние на кои им е најпотребна. Особена чест ни беше оваа донација да ја предадеме заедно со претседателот на партијата Христијан Мицкоски и претседателот на ОК Ѓорче Петров Бојан Стојаноски, во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, сподели градоначалникот на Ѓорче Александар Стојкоски.
- Со ова дело уште еднаш докажавме дека заедницата е нашата сила и дека грижата за оние кои имаат помалку е наша должност. Продолжуваме да ја негуваме традицијата на хуманост и да работиме за благосостојба за сите! Да помогнеме, да поддржиме, да создадеме посветла иднина за сите! - порача Стојкоски по повод големата хуманитарна акција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа