Петров од СДСМ: Спремни сме за опозиција

Андреј Петров, член на Извршен одбор на СДСМ во гостување во емисијата Клан дебата на ТВ Клан, по вчерашниот пораз на кандидатот за претседател на Македонија од СДСМ, Стево Пендаровски истакна дека СДСМ е спремна за опозицијa.

Тој, сепак, дава поддршка за сите позитивни работи кои што планира идната влада да ги спроведи.

-Ние пораката ја сфативме. Ќе се бориме за секој глас кој ќе можеме да го добиеме, спремни сме за опозиција и спремни сме да дадеме поддршка за сите позитивни работи, рече Петров.

25.04.2024 - 21:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега