Изборите во земјава тема во светските медиуми


Изборите во Северна Македонија на големо беа тема во светските медиуми.

Северна Македонија оди во втор круг од претседателските избори, откако ниту еден кандидат не освои над 50 отсто гласови за да победи во вчерашниот прв круг на гласање. Вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори, кои би можеле да го дефинираат патот на земјата кон ЕУ, наведуваат белгиските медиуми во своите написи за изборите во земјава. 

„Политико“ наведува дека вчерашното гласање покажало „силно поместување“ на гласачкото тело во корист на кандидатката поддржана од коалицијата на „главната опозициска конзервативна партија“ ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. 

„Еуроактив“ пренесува дека „националистичката кандидатка“ за претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова прогласи победа во првиот круг од претседателските избори, кој е „прв во серијата гласања што би можеле да одлучат дали балканската земја ќе се приклучи на Европската Унија“. 

Силјановска-Давкова, која е поддржана од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, извојува победа со речиси 40 отсто, актуелниот претседател Стево Пендаровски од владејачките левоцентристички социјалдемократи (СДСМ) освои близу 20 проценти од гласовите, додава изданието. - Тие ќе се соочат во вториот круг на 8 мај, но изгледите за Пендаровски се тмурни, оценува „Еуроактив“, наведувајќи дека истиот ден ќе се одржат и парламентарни избори. 

Грчките медиуми акцентот го ставија на победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во првиот круг и на големата предност што ја доби во однос на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Државната новинска агенција АНА-МПА, на почетокот од текстот, што го презедоа речиси сите грчки медиуми, напиша дека „кандидатката на десничарската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, извојува чиста победа во првиот круг од претседателските избори, со двојно поголем процент од нејзиниот главен противкандидат, кандидатот на владејачката Социјалдемократска партија. Партијата (СДСМ) и претседател во заминување, Стево Пентаровски“. 

26.04.2024 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега