БОБАН МИЛОШЕСКИ: Универзална сала со години не работи, но замислете има Управен одбор
Односот кој државата пред се’, а потоа градските власти го имаат кон Универзална сала зборува за тоа како тие прво го третираат бизнисот во Република Македонија, затоа што салата претставува бизнис за тие што се во тој дел од работата, а ги има многу такви структури, вели Бобан Милошески од Продукцијата Авалон, кој во интервју за Прес 24, зборува за Универзалната сала откако таа изгоре оваа недела.
Потенцира дека таа не работи десетина години, но инстовремено институцијата Универзална сала функционира.
-Замислете, салата има управен одбор! Во нашата држава управен одбор може да има и нешто што воопшто не постои и функционира. Уште се плаќаат ќирии за канцелариите во кои се сместени директорите и останатите вработени. Се разбира, во оваа прилика сакам да нагласам дека немам ништо против вработените во Универзална сала, но каков е тој систем на одговорност во кој Град Скопје наместо да направи нешто за едно година и вработените и салата да работат, привредуваат и бидат во служба на своите работни места, примаат плата за да не одат на работа затоа што салата не работи?, вели Милошески за Прес 24.
Според него иделано за коценртна сала во Македонија би вил објект до околу 3000 седишта, но сепак освен објектот, за негова функционалност е вжна и средината и пристапот до него.
- Борис Трајковски е крш од сала за било кој тип на манифестација и натпревар, а камо ли за концерт. Единствено позитивно нешто е тоа што јас и Даниел, пред повеќе од 12-13 години, покренавме иницијатива салата да направи каква - таква акустика, па од тогаш немаме проблеми со звукот, Но, секако се работи за многу стар тип на сала во која, кога во наша организација гостуваат артисти како Sting, Enrique Iglesias, One Republic, нивната екипа која работи на концертите во Борис Трајковски е весела затоа што се чувствува како да работи во old school објект, како што ги викаат оние од средина на 20тиот век. Тоа е некое чувство да речеме кое јас го имам почувствувано кога играат Manchester United и Партизан на стадионот на ЈНА во Белград - тие викаат дека ЈНА е ист каков што бил и нивниот стадион пред 100 години и дека ним тоа им е cool. Јас го разбирам нивното чувство, но тие сепак се тука само еден ден и си одат, ние остануваме :), вели Бобан Милошески од Авалон, во интервјуто за Прес 24.
ПРЕС 24: Кога сите очекуваа дека конечно ќе се случи реконструкција на Универзалната сала, таа изгоре. Вие сте човек од уметноста, како го доживувате ова?
МИЛОШЕСКИ: Најголем проблем е тоа што ние толку затупевме како луѓе и општество, да не реагираме и до сега, кога повеќе од 7 години, во центарот на градот практично имаме депонија на местото на, каква - таква, единствената културна сала за одржување на концерти и тој тип на манифестации… што се вика од ,,ослобоџење 45та”, до пред скоро 8 години кога салата се затвори. Салата беше распадната и однатре и однадвор и пред да се затвори, и јас не чувствував никаква специјална радост ако е потребно 14-15 години салата повторно да профункционира. Односот кој државата пред се’, а потоа градските власти го имаат кон Универзална сала зборува за тоа како тие прво го третираат бизнисот во Република Македонија, затоа што салата претставува бизнис за тие што се во тој дел од работата, а ги има многу такви структури. Исто како што јавниот превоз е бизнис за оние што возат автобуси и за оние кои се возат во тие автобуси. Нема елементарна политичка култура ова да биде сфатено, а мене едноставно емотивно ми падна жал кога видов дека гори затоа што нашите канцеларии се на 30 метри од неа.
ПРЕС 24: Универзалната сала е национална институција. Таа повеќе од 10 години не работи. Функционираше ли оваа институција практично овие години?
МИЛОШЕВСКИ: Ова го напишав во постот кој беше објавен на денот кога изгоре салата - убаво би било кога некој би одговорил на тоа, како и на прашањето дали, доколку некој има приватна фирма и дели пари од свој џеб, 12-13 години од отворањето до затворањето на таа фирма би плаќал плата на вработени кои откако е салата затворено, времето го поминуваат во околните кафичи. Замислете, салата има управен одбор! Во нашата држава управен одбор може да има и нешто што воопшто не постои и функционира. Уште се плаќаат ќирии за канцелариите во кои се сместени директорите и останатите вработени. Се разбира, во оваа прилика сакам да нагласам дека немам ништо против вработените во Универзална сала, но каков е тој систем на одговорност во кој Град Скопје наместо да направи нешто за едно година и вработените и салата да работат, привредуваат и бидат во служба на своите работни места, примаат плата за да не одат на работа затоа што салата не работи? Или, да бидам уште попрецизен - пробајте вие ова да му го објасните на некој германец или англичанец.
ПРЕС 24: Кога почна реконструкција, имаше неколку идеи што и како на Скопје му е потребно. Рално, дали одлуката да се реконструира, а не да се гради друг објект беше исправна?
МИЛОШЕСКИ: Според моето мислење, бидејќи салата навистина има историска и емоционална вредност, јас во потполност ја поддржав идејата салата само да се реконструира, таква каква што е, на истото место. А, доколку има можност да се направи сала со 3.000 седишта, истото да се направи на друга локација. Меѓудругото, како човек кој има работено концерти низ целиот Балкан, можам да кажам дека е лесно да направиш објект поголем од постоечкиот, но многу е тешко да ја прилагодиш инфраструктурата околу објектот за истиот да може на нормален и цивилизиран начин да ги угости луѓето кои го посетуваат. Таква каква што беше Универзална сала пред да се затвори, и со отворениот паркинг позади, цела Партизанска беше со возила за време на распродаден концерт со 1.572 пополнети седишта. Но, еве да речеме дека шармот на животот во Скопје и одењето на концерти беше токму тоа :)
ПРЕС 24: Колкав капацитет, каква структура на ваков објект, можеби концертна сала, би бил најсоодветен?
МИЛОШЕСКИ: Според моите искуства, ако земеме предвид дека имаме артисти кои ја полнеле Македонска филхармонија по 5, па дури и по 7 пати, мислам дека за капацитетот на Скопје како главен град, од овој тип на седечки сали е доволна сала од 2.500 до 3.000 седишта.
ПРЕС 24:Ова повеќе Ве прашувам од аспект што сите големи настани сега се организираат во спортски објекти, осносно салата Борис Трајковски?
МИЛОШЕСКИ: Борис Трајковски е крш од сала за било кој тип на манифестација и натпревар, а камо ли за концерт. Единствено позитивно нешто е тоа што јас и Даниел, пред повеќе од 12-13 години, покренавме иницијатива салата да направи каква - таква акустика, па од тогаш немаме проблеми со звукот, Но, секако се работи за многу стар тип на сала во која, кога во наша организација гостуваат артисти како Sting, Enrique Iglesias, One Republic, нивната екипа која работи на концертите во Борис Трајковски е весела затоа што се чувствува како да работи во old school објект, како што ги викаат оние од средина на 20тиот век. Тоа е некое чувство да речеме кое јас го имам почувствувано кога играат Manchester United и Партизан на стадионот на ЈНА во Белград - тие викаат дека ЈНА е ист каков што бил и нивниот стадион пред 100 години и дека ним тоа им е cool. Јас го разбирам нивното чувство, но тие сепак се тука само еден ден и си одат, ние остануваме :)
ПРЕС 24: Долги години се во музичката продукција. Имаше периоди во овие 30 години со многу динамика, но сега се периоди на слаба понуда. Генерално гледано, на што се должи тоа?
МИЛОШЕСКИ: Доколку се вратиме само малку пред короната, ние во Скопје во 6 месеци имавме концерти на Sting, Lenny Kravitz, Bryan Adams и Eros Ramazzotti. Постоеше реална шанса во 2020та година понудата да се дуплира и да се оди уште едно ниво погоре со сериозен стадионски концерт. Целокупната музичка индустрија застана за време на короната, и кога се врати закажа партија на покер во која нема место за играчи од држави какви што сме ние овде. Во превод, во бизнисот почна да се практикува што помалку свирење за што е можно повисоки хонорари, затоа што едноставно сите трошоци им пораснаа и на аристите, и на техниката и на се’ што е доаѓа пропратно.
ПРЕС 24: Политичките власти кои го водат министерството за култура, сега, но и претходно, вложуваа на еден или друг начин во културата. Еве на пример денес актерите можат да се пофатал со прилично добри и високи плати. Како е во музиката?
МИЛОШЕСКИ: Воопшто не сум запознаен со работата на сегашното Министерство за култура бидејќи истото не покажало интерес во сегментот на работа со кој се занимаваме ние, а тоа е организација на светски музички концерти во Македонија.
ПРЕС 24: Можеби грешам, можеби не сум доволно информиран, но имам чувство дека во Македонија речиси веќе никој не произведува музика, особено оној, рок, забавен профил...?
МИЛОШЕСКИ: Не е баш така, веројатно има некои нови деца, но сега секој е медиум сам за себе и новите работи многу тешко пробиваат. Факт е дека се руши тоа едно мислење дека никој овде не проаѓа, мислам дека со неколку наши проекти како и некои други имиња, пропроционално со големината на Македонија, може да се увиди дека нема успешни проекти во Македонија. Но, во принцип се работи за некое чудно ново време кое јас и вие што го правите со мене овој разговор можеби не можеме баш да го разбереме и во сегментот на музиката во моментов.
ПРЕС 24: Без намара да ги критикуваме младите за нивниот избор на музика, но сепак денешна младина е како слепена со турбофолк музиката. На што се должи тоа?
МИЛОШЕСКИ: Тоа се должи, пред се’, на губењето на сите критериуми и воспоставување на еден вредносен систем во кој ,,што е полошо, тоа е подобро”. Проклетата борба за клик ги руши сите квалитативни норми во многу сегменти, па така и во квалитетот и бирањето на музиката.
ПРЕС 24: Што е за Вас предизвик за организирање концерт во Македонија, а воедно и ризик за успешна посетеност?
МИЛОШЕСКИ: Предизвик е, а мислам дека нема да престанам со оваа работа додека не го реализирам, да се направи сериозен стадионски концерт за 40-50 илјади луѓе со сериозна музичка звезда, а ризик е што до сега никој не го направил за да може да претпоставиме која е таа некоја реална и максимална посетеност која голем артист може да ја има овде. Најмоќната работа но и најголемото проклетство е фактот што од првите денови кога почнавме да го работиме ова пред 30 години до ден денес, ние не можеме да се споредиме со никој, туку се тркаме цело време со самите себеси. Добро е и добро ќе биде се’ додека тоа ме возбудува повеќе од што ме замара.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа