Тешка сообраќајка пред Прилеп: Загина младо момче


20 годишно момче загина во тешка сообраќајна несреќа која вчера околу пладне се случила на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод.

Како што информира МВР, до несреќата дошло кога автомобилот со кој управувал 20 годишниот жител на прилепското село Браилово се судрил со товарно возило кое го управувал 43 годишен скопјанец. 20 годишното момче починало на лице место, додека возачот на товарното возило со повреди бил префрлен во прилепската болница.

Увид на местото извршил обвинител и полицијата.

26.04.2024 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега