Тивкиот херој од Кочани - Павел загина откако 4 пати се враќал во Пулс да спаси врсници

 

Трагедијата во Кочани кога во пожар во дискотеката Пулс загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени, од кои 4-5 се сеуште во критична состојба, ја потресе не само Македонија, туку и регионот и светската јавност. Пожарот е една од најголемите, ако не и најголемата трагедија во поновата историја на Македонија.

Во целиот хаос и паника кога сите се труделе да се спасат од пламените јазици кои голтале се пред себе, Павел Христов кој е роден 2004 година, како вистински херој не се штедел себе, туку помагал да се спасат други животи во дискотеката, која ја зави земјава во црно. Тој и покрај загубата на татко му на 17 години бил столб на своето семејство, а желба му била да работи како бербер и да запише факултет.

Херојот на трагедијата, четири пати влегол во дискотеката која горела, за да спаси свои врсници.

- „Во целиот хаос не се заштитил сам. Преовладувала неговата хуманост. Не штедејќи се себеси и сѐ што може да се случи“, раскажуваат неговите другари, вели мајката на Павел за „Нетпрес“.

За жал, четвртото влегување било кобно за младото момче кое почнало да го чувствува чадот.

- „Болката што ја чувствувам како родител е голема. Како и кај сите други родители. Тие деца си имаа избрано пат. Некои се имаа определно да учат за доктори, други за инженери, трети да се посветат на занает. И сите си ја сакаа Македонија. Поради нечии пропусти останавме без децата, без нашите ангели. Тие ни беа светлост и надеж. Се прашувам Гоподи, зошто ги земаш добрите?“,вели мајката на Павел. 

И нејзината ќерка Марија била во дискотеката. Таа е повредена и се лекува во Шпанија, а ден по несреќата семејството имало план да оди во Скопје за Марија да купи венчаница. Најсреќните мигови и планови за жал се претвориле во најцрни и тешки денови за оваа фамилија.

 

 

 

Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. 

26.03.2025 - 08:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега