Приведена млада жена, се трага по мажот: Дома имале марихуана, засадено стебло канабис и голема количина муниција

 


Вчера во 22 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Џ.З.(29) од гостиварско Дебреше.


При претрес во домот и помошни простории во с.Дебреше, каде што живее со нејзиниот сопруг Д.Н.(29) од Дебреше, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, саксија со засадено стебло од канабис, кутија со семки од растението канабис, две дигитални ваги, една пушка, 144 парчиња муниција и пари. Таа е задржана во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на Д.Н., кој не бил присутен на претресот.

По целосно расчистување и документирање на случајот и ќе следува соодветен поднесок.

11.12.2024 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега