ВМРО: Заев и Филипче да кажат колку милиони им се трансакциите во Дубаи?
Наместо празни зборови и небулозни соопштенија СДС треба да ги охрабри Заев и Филипче да одговорат на едно едноставно прашање. Ова денеска го велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
- Заев и Филипче да кажат дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи? Додека Заев, како инвеститор, гради згради во Дубаи и му прави засолниште на Филипче, тој му ја чува фотелјата во СДС. Тандемот Заев Филипче треба да и каже на јавноста од каде им се милионските трансакции кон Дубаи и на кој начин ги стекнале тие средства, дали се тоа провизии од зделки и тендери во четири очи? Зоран Заев со една рака на срце се колнеше во македонската жица и тврдеше дека си ја сака земјата, додека со другата ја распродаваше и делеше стотици милионски тендери на своите роднини и фирми. И додека се празнеше буџетската каса, а народот осиромашуваше, Заев профитот и провизиите од криминалните зделки ги инвестира во Дубаи каде што најде сигурно прибежиште. Филипче, продолжената рака на Заев, додека му го чува партиското столче и глуми загрижен за социјалдемократските вредности да им каже на сопартијците и граѓаните дали поседува златна виза и дали има луксузен стан во Дубаи?, велат тие.
Додека Заев и Филипче инвестираат и се луксузираат во Дубаи и во слободно време се веселат со Харис Џиновиќ, народот поради низата погрешни политики на СДС размислува како да го помине месецот.
- Јавноста и граѓаните заслужуваат одговори а не изговори или молк. СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства, велат од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа