Само два потписи ви требаат за да се кандидирате на локалните избори
Државната изборна комисија (ДИК) вчера вечерта со шест гласа „за“ и еден против го усвои новиот Правилник за собирање потписи за независни кандидати на локалните избори во октомври.
Според Правилникот, независните кандидати за советници и градоначалници ќе треба да обезбедат најмалку два потписи од избирачи во подрачните канцеларии на ДИК. Предлогот го образложи членот Александар Даштевски, повикувајќи се на член 63 од Изборниот законик, иако Уставниот суд претходно го укина членот 62 кој го регулираше бројот на потребни потписи.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, истакна дека иако има правни дилеми, правилникот е донесен за да се обезбеди непречено спроведување на изборниот процес. Тој потсети дека Собранието не успеа да изгласа измени со кои ќе се прецизира бројот на потписи, па ДИК мора да најде практично решение.
Со ова, за учество на претстојните локални избори независните кандидати ќе треба симболично да соберат по два потписи, додека партиите и коалициите ќе настапуваат според редовните законски услови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа