Тачи се откажа - со Ахмети не може да се соработува
Демократската партија на Албанците (ДПА) нема да учествува на претстојните локални избори во октомври. Одлуката ја донесе Централното собрание на партијата, а ја соопшти лидерот Мендух Тачи.
„ДПА одбива да учествува во оваа политичка маскарада наречена избори и нема да имаме кандидати“, изјави Тачи.
Тој додаде дека соработката со Али Ахмети и ДУИ е невозможна, обвинувајќи дека лидерот на ДУИ склучил сојуз со „две партии непријатели на ДПА“. Со ова, партијата дефинитивно ја прекинува политичката соработка со „Европскиот фронт“.
18.08.2025 - 10:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа