Јакимовски по пресудата: Хајката се води долго време да нѐ тргнат нас со квалитетни школи

 

По добивањето на затворска казна од три години и шест месеци, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, реагираше со тврдење дека станува збор за политички мотивиран процес со цел негово отстранување од јавниот живот. Јакимовски уверува дека е невин, а обвиненијата се однесуваат на наводна незаконска легализација на времени објекти, што според законот е дозволено само за цврсти градби.

„Се прашувам кога мене ова како јавна личност, ми се случува ова, што ли се случува со кутрите луѓе низ судските лаверинти. Осуден сум зошто сум ја направил баракава и онаа другата, а во проектот стои изградба на монтажно-демонтажна барака, тие се времени објекти, а за времен објект имаме одлука на совет, а за времен објект не може да се гони кривично. Обвинителството се послужи со фалсификат кој го докажавме со вештачење. Обвинителката се држи како давеник на сламка дека тие во 1987 година се поставени како времени објекти, а оттогаш до 2013 година? Што се случувало? Го изгубиле статусот на времените објекти, не им се продолжиле дозволите ни на објектите ни на земјиштето под закуп. Овие објекти стануваат бесправни. Сите се видоизменувани, доградувани со многу квадрати. Ние не сме сами во оваа постапка, учествуваше и геометар. Сите овие објекти се означени како дивоизградени, а обвинителот тврди дека се времени објекти, а никаде нема во историјатот на Катастарот“, рече Јакимовски.

Јакимовски додаде: „Хајката се води долго време, да нѐ тргнат нас кои имаме квалитетни школи, а за дојдат со купените дипломи. Тешка е борбата, се бориш против држава, против најсилниот дел, Обвинителството. Ќе поднесеме жалба до Апелација, аргументите се 1000% на наша страна. А мислев денеска ќе се почастиме со колегите.. Тоа е едно здружение направено, за да нѐ тргнат ние што се разбираме, што имаме резултати, а пред локалните избори. И општина и држава да ни водат овие со купени дипломи, а оваа Влада не се срами“, рече Јакимовски, обвинувајќи дека бил вршен притисок и за да се изнудат изјави против него.

Тој вели дека едни му поднеле пријава, а други му донеле пресуда, додека тој се бори за државата и почитување на законите. Потоа, рече дека очекувал ослободителна пресуда

„Сто отсто аргументите се на твоја страна, не знам што се докажуваме шест и пол години. Навистина ме измачија, не знам што одиме по судови, на Божја правдина имаме пресуда од 3,6 години“, рече Јакимовски.

23.04.2025 - 19:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега