Ниеден папа никогаш повеќе нема да се вика Петар - еве зошто

 


Папата Франциско почина во понеделникот на 88-годишна возраст, потврди Ватикан. Почина еден месец откако беше отпуштен од болницата, каде што пет недели се лекуваше од инфекција која прерасна во билатерална пневмонија. По смртта на папата Франциско, Католичката црква влегува во нова фаза, избор на наследник.

Откако ќе биде избран новиот папа, ќе му биде понудено да избере име што ќе го носи остатокот од неговиот понтификат.

Зошто не може да се вика Петар?
Името Петар го носел првиот папа – Свети Петар, кого католичката традиција го смета за апостол на Исус и прв поглавар на Црквата. Токму поради оваа исклучителна симболика и важност, името Петар носи посебно значење во историјата на папството.

Еве неколку главни причини зошто новиот папа веројатно никогаш нема да се вика Петар Втори.

Почит кон Свети Петар
Свети Петар се смета за „карпа“ на која Христос ја изгради Црквата. Преземањето на неговото име може да се толкува како обид да се изедначи со него или како присвојување на неговата посебна улога во историјата на Црквата.

Историска и симболична уникатност
Сите претходни папи, повеќе од 260 од нив, го избегнаа името Петар токму поради тоа што има статус на единствено име. Се верува дека Свети Петар е над сите други папи – сите се негови наследници.

Пророштва и легенди
Има и некои црковни пророштва и легенди, како што се таканаречените пророштва за свети Малахија, кои велат дека папата по име Петар ќе биде последниот папа пред „крајот на светот“ или големи превирања. Иако Црквата не ги признава овие пророштва како официјални, тие дополнително придонесоа за „табуизирање“ на тоа име.

24.04.2025 - 09:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега