ДУИ: Ја тестирате границата на трпеливост кај Албанците
Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во институциите, на ТВ интервју продолжуваат да го релативизираат нивното минато политички дејствување, нарекувајќи го „експеримент што не успеал“. Ова го велат ДУИ преку соопштение утринава.
- Проблемот не е неуспешниот политички експеримент. Проблемот е што пристапот на експериментирање со Албанците продолжува – со реални и опасни последици. Историски, најрепресивните режими во регионот – особено тој на Милошевиќ – ги користеле Албанците од Северна Македонија како инкубатор за тестирање на политики кон „албанското прашање“. А она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува одвнатре – со Албанци кои молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ. Денес сме сведоци на нов бран експерименти: Дали е експеримент обидот за нормализирање на влада без албанско мнозинство, без мандат и без правична застапеност? Дали е експеримент поставувањето на проруската фигура Стоилковиќ на чело на Охридскиот рамковен договор? Дали беше експеримент манипулацијата со резултатите од пописот, исклучувањето на дијаспората и намалувањето на процентот на Албанци од 29.3% на 24.5%? Дали е експеримент оспорувањето на уставноста на Законот за јазиците пред Уставниот суд, за да се види колку долго ќе молчат Албанците? Дали е експеримент укинувањето на балансерот и оставањето на институциите на милост и немилост на министри и директори со антиалбански ставови? Дали е експеримент тоа што инспекторите за албански јазик не добиваат плата со месеци, со цел да се откажат и да се демонтира механизмот за спроведување на законот?
Велат сето ова не е ниту грешка, ниту случајност.
- Тоа е модел – тестирање на границата на трпеливост кај Албанците. Но вистината е дека додека се обидувате да експериментирате со Албанците, вие самите станавте експеримент на еден хибриден политичко-олигархиски блок – коалиција на интереси и темни агенди која ве користи за да го демонтира системот изграден врз еднаквост и соживот. Овој експеримент ќе пропадне. Како што пропаднале сите претходни. Но овојпат, ќе пропадне заедно со вас, велат ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа