Полицијата не дозволувала снимање - искршено стаклото на македонскиот културен клуб во Благоевград

Стаклото на влезот на македонскиот културен клуб во Благоевград синоќа околу 21 часот било искршено, јавуваат бугарските медиуми. 

Полицијата не сакала да даде дополнителни информации за настанот. Пред клубот имало неколку полициски коли, а полицијата забранувала снимање, јави БНТ. 

Клубот беше отворен на 30 октомври 2022 година.

05.02.2023 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа