Касами: „Вреди“ ќе настапи заедно на локални избори
Партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ се со доминантно мислење дека заедно треба да настапат на локални избори во октомври, најави денеска од Тетово, Биљал Касами, претседател на Движење Беса една од коалициските партнери. Касами рече дека Арбен Таравари истакнал различно размислување за советнички листи.
- Во делот на листите за советници, тој цени дека доколку би отишле посебно секоја партија дел од коалицијата би собрале повеќе гласови за да го добиеме тој легитимитет и на локалните избори. Но од сите други субјекти во рамките на коалицијата доминира идејата дека вредноста на секој поединечен субјект е поголема како дел од коалицијата отколку ако би било надвор од коалицијата така да останува Алијанса на Албанци да се одлучува дали ќе биде дел од коалицијата на локалните избори или ќе оди посебно, рече Касами денеска во Тетово по брифинг со претставниците на медиумите.
Според Касами иако има различни мислења во коалицијата „Вреди“ е далеку од примерите од некои партии за коишто рече дека имале поделби при одлучувањата кои резултирале со конфликти.
- Доминира идејата дека на следните избори одиме заедно и за градоначалници и за советници. Добро е тоа што за разлика од претходните процеси каде во рамките на една партија имаше поголеми поделби дури имаше и тепачки и убиства. Во рамките на коалицијата Влен немаат такви поделби до тоа ниво, значи има дебати, има размислувања а поради тоа што има 4 субјекти + Самоопределување сигурно различни размислувања, но јас сум сигурен дека на крај ќе излеземе со еден став – одиме заедно и за градоначалници и за советници, рече Касами.
Тој најави дека од неговата партијата - Движење Беса ќе бидат пак кандидати за градоначалници за Тетово и Желино, за Општина Чаир ќе биде кандидат од партијата на Изет Меџити, а во Гостивар, коалицијата ќе предложи кандидат од партијата Алијанса за Албанците на претседателот Таравари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа