Подгответе се: Овие скопски општини денеска ќе останат без струја

 

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, со прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од Карпош и Ѓорче Петров. 

Во период од 9.40 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Атинска“, „Борка Талевски“ и „Рузвелтова, спроти „Треска“, во Општина Карпош.

Од 9 до 14 часот прекин во снабдувањето со струја ќе имаат и корисниците од село  Волково кон патот до црквата во Ѓорче Петров.

12.07.2024 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа