Ѓорѓиевски: Ќе блесне местото каде што се роди Вардар
Големите дела се остваруваат со упорност, посветеност и многу љубов. Ова го напиша градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.
- Спортската сала ,,Расадник”, местото од каде што се роди РК ,,Вардар” ќе изгледа вака! !Ќе блесне во боите на македонскиот бренд, црвено-црна и повторно ќе биде место каде што ќе се собира народот и каде ќе се нижат нови и успешни спортски имиња како, во минатото. Повторно ќе биде гордост на Скопје и Македонија! Градежните активности се одвиваат со одлична динамика и за брзо време од сега, Вардарци се враќаат дома, каде и припаѓаат. Нека е за добро!, напиша тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа