Натрупа снег низ Македонија - На овие места вееше најмногу
По пролетните температури, снег падна во Македонија. УХМР најавува дека температурите ќе се спуштат периодов.
Во Крушево има 24 сантиметри снег, информира УХМР. Висината на снежната покривка е 22 сантиметра во Битола, 18 во Охрид, 14 во Маврови Анови, 12 на Попова Шапка, 7 во Претор, 5 во Тетово, 4 во Берово и 1 сантиметар во Прилеп.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h), особено долж Повардарието. Дневната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно, ветровито и студено со умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец и температура до 8 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа