Телото на Карадакоски донесено во Македонија - Ќе биде погребан утре

 

Телото на Карадаковски кој што бил управител на МММ Кафе дооел, кои пак управувале и со дискотеката Пулс, е предадено на Судска Медицина во Скопје за обдукција, а погребот ќе се одржи утре (08 април) во 14 часот, а од 12 часот ќе биде изложено во градската капела во Кочани.

Карадаковски беше најкритичниот пациент од пожарот кој се лекуваше во странство. Имал 35% изгореници од втор и трет степен на главата, вратот и рацете. На дишните патишта имал тешки изгореници од околу 90 проценти.

Состојбата му се влошила на 1 април, Александар бил и на дијализа поради откажување на бурбезите. Почина на 4 април.

За истражните власти, Карадакоски беше еден од осомничените за пожарот во „Пулс“. 

07.04.2025 - 08:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега